Настанот „Денови на инклузија – Со љубов и поддршка да создадеме свет без бариери“, што се одржа од 30 октомври до 1 ноември 2024 година на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претставува значајна платформа за промоција на современи практики и пристапи во инклузивното образование. Преку пленарни предавања, интерактивни работилници, дискусии и презентации, беа разработени теми поврзани со карактеристиките на инклузивните училишта, улогата на семејството и наставниците во поддршката на децата со посебни образовни потреби, примената на технологијата и музикотерапијата како креативни алатки за развој и комуникација. Настанот ги обедини академската заедница, практичарите, родителите и институциите во заедничка цел – создавање на инклузивен образовен систем кој обезбедува еднаков пристап, прифаќање и поддршка за сите деца. Посебен акцент беше ставен на индивидуализираната поддршка, примената на МКФ, универзалниот дизајн за учење и асистивната технологија. Преку овие активности, Факултетот за образовни науки го потврди својот континуиран ангажман во промовирање на вредностите на инклузијата и создавање можности за професионално усовршување и размена на добри практики помеѓу сите учесници во воспитно-образовниот процес.
Petrovska et al. (Wed,) studied this question.