Предмет на проучување во овој труд претставуваат предизвиците, проблемите и корпоративни кризни состојби со кои честопати се соочуваат друштвата со ограничена одговорност,1 а како последица на претходно прифатениот модел на основачко инвестирање познат како „рамноправно содружништво“. 2 Во правната и економската научна и стручна литература и во научните и стручни експертски кругови, „рамноправното содружништво“ одамна се перципира како основачки модел фундиран на „меч со две острици (dual-edged implications).3 Оттука и предизвиците за авторот на овој концепт да му се даде научна димензија и да се дискутира за правните модели на превенција или редукција на негативните импликации од „рамноправното содружништво“, механизмите за нивелирање или редуцирање на „корпоративниот застој“ во деловното работење во ДОО. Главната мотивација да се истражува оваа проблематика произлегува од реалните проблеми со кои се соочува „рамноправното содружништво“ во практиката, коишто најчесто се последица на отсуство или не правилно предвидени договорни клаузули за надминување на реалните состојби во моделот на „рамноправно содружништво“ Анализата и елаборацијата на одредени наши ставови ја наметна потребата од користење на компаративната литература и практика, особено во делот на механизмите за надминување на корпоративните кризни состојби и правните модели за заштита на содружниците. Покрај компаративниот метод за потребите на истражувањето ќе се користи и дијалектичкиот метод, методот на анализа и синтеза. Клучни зборови: Рамноправност, содружништво, удел, управување, судир, противзаконитост.
Borka Tusevska (Thu,) studied this question.