Резиме: Периферната артериска болест (ПАБ) претставува стеснување на периферните артерии што носат крв од срцето до други делови од телото. Најчестиот тип е ПАБ е на долните екстремитети, при кој е намален протокот на крв кон нозете и стапалата. Ризик-факторите за ПАБ се идентични со оние во етиологијата на коронарната артериска болест: пушење, дислипидемија, дијабетес и артериска хипертензија. Цел: Целта на овој труд е да се прикаже бројот на лекувани пациенти со ПАБ во единицата за интензивно лекување, како и хоспиталниот морталитет. Материјали и методи: Податоците се превземени ретроградно од интерно одделение во ЈЗУ Градска Општа болница “8ми Септември-Скопје. Истите се систематизирани, прикажани табеларно и графички. Резултати: Во овој труд се вклучени 152 пациенти дијагностицирани и лекувани со дијагноза за периферна артериска болест во период од 2020 до 2024 година во единица за интензивна нега, при интерно одделение ЈЗУ ГОБ “8ми Септември”-Скопје. Машкиот пол незначително беше повеќе застапен, со 77 пациенти (50,6%). Само 8 пациенти (5,26%) починале за време на хоспитализацијата. Според прикажаните податоци голем дел од пациентите се лекувани со медикаментозен третман, а помал дел со интервентен третман (ангиопластика) и хируршки третман. Заклучок: Со оглед на зголемениот број на заболувањето и особено смртноста од ПАБ треба да се обрне посебно внимание за рана превенција и отстранување на ризик факторите за да не дојде до појава на ПАБ. Превентивните мерки треба да ги спроведуваат матичниот лекар, кардиолозите, сестрите преку едукација, организација и примена на превентивните мерки со цел да се намалитет морталитетот. Клучни зборови: периферна артериска болест, инциденца, морталитет
Nikolovska et al. (Wed,) studied this question.