Почетоците на Издавачка дејност на Земјоделскиот факултет датираат уште од 2000 година со публикување на Зборникот на апстракти 1990-2000 на тогашната Јавна научна установа Институт за јужни земјоделски култури – Струмица. Публикувачките активности на Институтот продолжија од 2001 до 2006 со објавување на Годишни Зборници на трудови на ЈНУ Институт за јужни земјоделски култури – Струмица. Првиот број на Годишниот зборник на Земјоделски факултет Универзитет „Гоце Делчев” – Штип е објавен во 2007 година, во годината на неговото основање, со што воопшто не се запре со издавачките активности, кои се неспорен доказ за објавување на научните и истражувачки активности, пред сè на истражувачкиот кадар на факултетот, но и на пошироката фела од земјоделските области во државата и во регионот. Годишниот зборник на Земјоделскиот факултет се објавуваше во континуитет од 2007 до 2016 година. Со Одлука на Наставно научниот совет од 06.04.2017 на Земјоделскиот факултет за покренување на иницијатива на трансформирање на Годишниот зборник во меѓународно списание, нашиот факултет продолжи со објавување меѓународно списание на Journal of Agriculture and Plant Science, JAPS, а првиот број на Vol. 15 беше објавен како продолжение на Годишниот зборник во 2017 година. Денес, JAPS е меѓународно списание кое ги интегрира најновите научно-истражувачки резултати во научни трудови на истражувачите од нашиот факултет, од државата, регионот и пошироко. JAPS e индексирано списание во дата базите EBSCO и DOAJ. По повод јубилејот 25 години Издавачка дејност на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Земјоделскиот факултет организираше настан на ден 24 септември со почеток во 11 ч. во Свечената сала на Земјоделски факултет каде беше презентирана 25 годишната издавачка активност на факултетот.
Gudeva et al. (Wed,) studied this question.