Во поширока смисла на зборот, терминот микропропагација го означува секој начин на размножување на изолирани растителни делови во услови in vitro, кои го опфаќаат меристемот на врвот на стеблото или оние кои се формирани во пазувите на лисните примордии. Способноста на растителните клетки во in vitro услови да се диференцираат, делат и регенерираат поединечни органи, ембриони или во цело растение е израз на нивната тотипотенција. Културата на растителното ткиво, микропропагација и in vitro размножувањето се значајни методи кои доживуваат брз развој и имаат направено револуција во производството на земјоделските култури. Во оваа презентација е прикажана микропропагацијата на неколку градинарски култури и како in vitro култивацијата влијае врз истите. Денес сѐ почесто се врши in vitro култивација на многу видови растенија, бидејќи на тој начин се заштедува време, простор, енергија, а растенијата можат да се одгледуваат во кој било период од годината, независно од надворешните временски услови и голем број други предности. На глобално ниво проблемите со глобалното затоплување, недостаток на земјоделска површина, недостаток на вода и други критични состојби со недостаток на храна, растителната биотехнологија со in vitro методите, може успешно да ги реши овие критични прашања. Постојат голем број на комерцијални компании кои се занимаваат со in vitro култивацијата.
Angjelova et al. (Wed,) studied this question.