Овој труд ја анализира појавата на дигиталното номадство како современ културолошки феномен. Се работи за релативно нов тренд поттикнат од развојот на телекомуникациските услуги и глобалните технолошки и општествени промени, кој подразбира напуштање на традиционалните приврзаности кон фиксно работно место и дом. Најчесто е присутен кај помладата популација која ја нагласува желбата за патување, чести преселби и истражување на светски дестинации, паралелно со извршување на работните обврски. По дефинирање на поимот и неговите особености, трудот ги разгледува главните причини за избор на овој начин на живот, како и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат дигиталните номади во настојувањето да функционираат оптимално.
Donev et al. (Fri,) studied this question.