Овој труд претставува концептуален пристап за користење на WEB базиран онлајн калкулатор за проценка на стабилност на косини на површински копови. Целта е преку едноставен веб-пристап и избор на метода на гранична рамнотежа да се овозможи брза геотехничка анализа на профил на косина. Со внесување на основните влезни параметри на моделот и стартување на калкулаторот, корисникот добива излезни резултати во вид на графички прикажан профил и проценет фактор на сигурност. Ваквиот WEB калкулатор има практична примена како поддршка за студенти и инженери при брзи проценки на стабилноста на косини кај површински копови, патишта и кај други геотехнички објекти, при што значително се намалува времето потребно за иницијални геотехнички анализи. Калкулаторот е наменет за едноставна и брза примена со користење на некој стандарден browser, без потреба од дополнителни инсталации или конфигурации.
Panov et al. (Fri,) studied this question.