Еден од најважните аспекти во процесот за нормално функционирање на едно општество е управувањето со комуналниот отпад, односно изборот на локација на депонија и изборот на оптимална рута за транспорт на комуналниот отпад до депонијата. При изборот на оптимална рута за транспорт е потребно да се земат во предвид голем број на влијателни параметри, бидејќи во тој случај ќе се добие најсоодветната рута за транспорт. Примената на методите за повеќекритериумско одлучување се од голема важност за решавање на сложени и капитални проблеми, бидејќи овозможуваат разгледување на голем број влијателни параметри. Во овој труд ќе бидат споменати неколку методи за повеќекритериумско одлучување, кои се имаат користено за избор на оптимална рута за транспорт, а потоа може да се изврши споредување на добиените резултати за да се одреди просечното рангирање на транспортните рути.
Panov et al. (Fri,) studied this question.