Напредокот на интернет технологиите (ИТ) и онлајн социјалните мрежи направија многу придобивки за човештвото генерално, олеснувајќи ја достапноста на комуникациските алатки, како и можноста за напредок во целост на безбројни полиња од професионален живот, па сè до домаќинствата. Истовремено, постои темна страна која не доведе во ситуација да сведочиме или да бидеме (ин)директни жртви на говор на омраза. Говорот на омраза е навредлив вид комуникациски механизам што изразува одредена (специфична) идеологија на омраза, користејќи стереотипи при постоењето на истата. Сепак, концептот на говор на омраза навистина покренува многу тешки прашања: На што се однесува „омразата“ во говорот на омраза? Дали говорот на омраза може да биде насочен кон доминантните групи или по дефиниција е насочен кон угнетените или маргинализираните заедници? Колкава е штетата? И, можеби најпредизвикувачкото прашање, што може или треба да се направи за да се спротивстави на говорот на омраза? За да се воспостави одреден ред потребна е контролата на говорот на омраза што може да се овозможи со ефективно користење на различни национални и меѓународни правни рамки. Европската Унија донесе правна легислатива со цел елиминирање на говорот на омраза при користење на социјалните платформи кои ќе стапат во сила од 2023 година.
Trajkovska et al. (Sat,) studied this question.