Зголемената побарувачка на производи од животинско потекло на светско ниво и промените во навиките за здрава исхрана го потенцираат значењето на биолошката и здравствената вредност на месото како функционална храна. Целта на ова истражување беше да се направи споредбена анализа на хемискиот состав и нутритивниот квалитет на пилешко, свинско и јунешко месо. Анализирани беа примероци од повеќе делови од трупот на заклани животни со цел да се утврдат разликите во содржината на масти, вода, протеини, пепел, pH, способност за задржување вода и боја. Резултатите покажаа дека пилешкото месо, особено стекот, содржи највисока вредност на протеини (до 22,99 %) и најниска содржина на масти (2,40 g на 100 g), што го прави нутритивно најдобро за здрава исхрана. Свинското месо се карактеризира со повисок процент на масти, особено кај вратот и плешката, има добра способност за задржување вода, што придонесува за неговата сочност и технолошки квалитет. Јунешкото месо има приближно иста содржина на протеини како свинското месо (околу 24 %), зависно од регијата на трупот содржината на масти варира од 6,80 до 19,13 g на 100 g, но се издвојува со потемна боја и поголем интензитет на црвената нијанса, типично за овој вид месо. Според добиените резултати, пилешкото месо може да се смета за најдиетално, свинското за најсочно, а јунешкото за најинтензивно по боја и вкус. Добиените резултати овозможуваат подобра проценка на нутритивниот и технолошкиот квалитет на месото во зависност од видот на животното и делот на трупот од кој потекнува месото, што е од значење за потрошувачите и прехранбената индустрија. Клучни зборови: пилешко месо, свинско месо, јунешко месо, исхрана, животна средина
Bajraktarova et al. (Wed,) studied this question.