Овој труд ја разгледува Tеоријата за учтивост на Браун и Левинсон (1987), со акцент на нејзината примена и ограничувања во контекст на интеркултурната комуникација. Теоријата, која се базира на концептот за лице ( face) и дистинкцијата помеѓу позитивно и негативно лице, предлага универзална рамка за разбирање на учтивоста како средство за заштита на социјалниот идентитет и одржување на комуникативната хармонија. Сепак, во трудов се истакнуваат критичките размислувања кои ја проблематизираат универзалноста на теоријата, особено во однос на културните варијации во изразувањето и перцепцијата на учтивоста. Анализата ја потенцира потребата од контекстуализирани и културно чувствителни пристапи во проучувањето на учтивоста, особено во интеркултурните ситуации каде што различните културни кодови може да доведат до недоразбирања. На крајот, се укажува на важноста од продолжување на истражувањата во рамките на интеркултурната прагматика, со цел подлабоко разбирање на сложените механизми на учтивоста и нивната улога во социјалната интеракција. Клучни зборови: Tеорија за учтивост, Браун и Левинсон, интеркултурна комуникација, културни варијации, лице (face)
Ivanovska et al. (Wed,) studied this question.