Овој труд претставува квантитативна анализа на детското престапништво во Република Северна Македонија во периодот од 2017 до 2024 година. Истражувањето е засновано врз официјални статистички податоци за бројот на осудени деца, нивната полова, старосна, територијална и кривичноправна структура, како и видот на изречените санкции. Анализата покажува дека детското престапништво е релативно стабилен феномен, со доминација на имотните кривични дела, делата против јавниот ред и безбедноста на сообраќајот. Половата структура укажува на изразена застапеност на машките деца, додека, пак, територијалната распределба открива концентрација на престапништвото во одредени општини. Казнената политика е доминантно ориентирана кон примена на воспитни мерки, што е во согласност со меѓународните стандарди за постапување со деца во судир со законот. Резултатите упатуваат на потреба од јакнење на локалните превентивни политики, рана интервенција и интегриран институционален пристап. Клучни зборови: детско престапништво, квантитативна анализа, деца, санкции, превентивни политики, Северна Македонија
Kosevaliska et al. (Wed,) studied this question.