Значењето на информациите во воено-дипломатската практика претставува императив за успешно спроведување на процесот. Дипломатијата, како област, стара е колку и државата. Комуникацијата помеѓу населението во првобитните заедници и племињата постоело одамна, имало преговарања, се развивале активностите за набљудување, се собирале информациите и се известувало. Постојат верувања дека дипломатијата е стара колку и политиката а и за двете карактеристично е дека има многу различни дефиниции, различни појмовни одредувања и различни сфаќања.Во политичката пракса, пак, како основа за креирањето и спроведувањето на државната политика во севкупните односисо другите држави и субјекти вклучувајќи ги и воените односи, дипломатијата е потесен поим од политиката. Од времето се коментирало дека дипломатијата претставува очи и уши на владетелите низ собирањето информации, сеуште е актуелна, а денес е во функција на современите држави високона агендите. Целта на военатадипломатија била насочена кон собирањето информации и преговарањето за добивање на истите, првенствено кон воениот фактор, што говори дека воената дипломатија на почетокот била главна гранка, ако не и единствена дејност на дипломатијата на владарите. Иакo, дипломатијата од својот настанок се занимавала со воениот фактор, воената дипломатија, како нејзина посебна гранка, недоволно е дефинирана и претежно останувала во сферата на таинственото, најчесто еднострано толкувана како шпионажа. Заради тоа неопходно е да се разјасни местото, улогата, организацијата и начинот на функционирање на воената дипломатија, односно улогата на военото аташе во извршување на функциите на воената дипломатија.
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Zoran Jovanovski
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Zoran Jovanovski (Thu,) studied this question.