Обезбедувањето на поголема достапност на лековите до пациентите сѐ почесто се наметнува како императив на здравствените системи. Во оваа насока, заменливоста на лековите со цел намалување на финансиското оптoварување или добивање на подобра терапевтска алтернатива е од особена важност. Значаен дел во овој систем е заменливоста на лековите на ниво на фармацевт. Праксата за пропишување на лекови согласно со нивното меѓународно незаштитено име и заменливоста на ниво на фармацевт без согласност од лекар е добро управувана кога станува збор за генерички лекови. Сепак, ова не е случај кога станува збор за биолошки слични лекови. Поради посебните карактеристики на биолошките лекови и постоењето на варијабилност од серија до серија, особено е важно заменливоста на лековите да не се потпира само на меѓународното незаштитено име. Комфорноста при заменливост не е присутна, особено не без дозвола на лекар. Цел на овој труд е да се евалуира улогата на фармацевтот во постапките на заменливост на биолошки слични лекови. За реализација на целите е направен преглед на досега објавените податоци во оригинални научни трудови во базите на податоци PubMed и Scopus во периодот од 2015 до 2025 година, во однос на ставовите и практиките за издавање на биолошки сличните лекови, како и во однос на улогата на фармацевтот во овој процес. Анализата на добиените податоци од прегледаните и селектирани публикации покажува дека висок процент (64-95%) од испитаниците не се согласуваат заменливоста на биолошката терапија да биде предводена од фармацевт. Овој резултат укажува на потребата од поголема вклученост на фармацевтите и подигање на нивната улога на повисоко ниво, особено во делот на воспоставување на дополнителни активности, како што е имплементирање на планот за управување со ризик при употребата на лековите.
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Marija Trajculeski
Elona Cilku
Rubin Gulaboski
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Trajculeski et al. (Sat,) studied this question.