Црвениот ферментиран ориз претставува традиционална азиска храна произведена преку ферментација на ориз со габи од родот Monascus. Истиот денес привлекува внимание поради присуството на бројни биолошки активни супстанции во неговиот состав. Најзначаен секундарен метаболит на ферментацијата е монаколин К, кој покажува сличности во структурата и ефектите со синтетскиот ловастатин. Монаколин К дејствува како природен инхибитор на ензимот HMG-CoA редуктаза (регулаторен ензим во патеката на биосинтеза на холестеролот) и се разгледува како важен нутрацевтик. Целта на овој труд е да се направи истражување на досегашните сознанија за биолошките ефекти на монаколин К, со посебен осврт на неговите антихиперлипидемични, невропротективни и антипролиферативни својства, како и потенцијалните несакани реакции при неговата употреба. За истражувањето се пребарувани научни бази на податоци, при што се селектирани релевантни оригинални и прегледни трудови и клинички испитувања. Клиничките податоци укажуваат дека додатоците на храна базирани на екстракти од црвен ферментиран ориз, богати со монаколин К, значително ги намалуваат нивоата на вкупен и LDL холестерол, со ефикасност слична на синтетските статини, но со подобра биорасположливост и намалена инциденца на несаканите ефекти. Дополнително, некои истражувања укажуваат и дека монаколин К може да го намали оксидативниот стрес и воспалителните процеси во централниот нервен систем, што го позиционира и како можен невропротективен агенс. Исто така, се истражува и неговото антиканцерно дејство преку индукција на апоптоза кај одредени видови туморски клетки. Сепак, пријавените случаи на рабдомиолиза, мијалгии и хепатотоксичност како несакани ефекти од употребата на монаколин К бараат внимателен пристап и соодветен медицински надзор при употребата и дозирањето на препарати кои го содржат истиот.
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Blagoj Vasilevski
Rubin Gulaboski
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Vasilevski et al. (Sat,) studied this question.