Одгледувањето на кокошки-несилки и производство на конзумни јајца претставува најзначаен сегмент од живинарското производство во Република Северна Македонија. Во структурата на фармите најмногу доминираат мали или средни фамилијарни фарми со големина на јато од околу стотина до неколку илјади грла кокошки-несилки. На фармите се применуваат два основни системи на одгледување: екстензивен и интензивен систем. Овие два пристапи се разликуваат по степенот на вложување, просторните услови, продуктивноста, благосостојбата на животните и влијанието врз животната средина. Екстензивниот начин на одгледување подразбира користење на природните ресурси, слободно движење на несилките, пониска густина на населеност и минимални инвестиции во инфраструктура. Овој систем овозможува подобра благосостојба на живината, природно однесување и производство на органски јајца во природни услови. Сепак, екстензивниот систем се карактеризира со пониска продуктивност, поголема изложеност на климатски промени и можни биолошки ризици. Интензивниот начин на одгледување се базира на технолошки решенија, контролирана средина на одгледување и висока густина на населеност со цел зголемена продуктивноста и економската исплатливост. Овој систем на одгледување овозможува континуирано производство на јајца, подобра биосигурност и максимално искористување на ресурсите. Сепак, живината одгледувана во интензивни системи е подложна на стрес, ограничено движење и зголемен ризик од нарушување на здравјето и благосостојбата. Споредбената анализа на овие два системи укажува дека изборот на систем на одгледување зависи од економските цели, етичките стандарди и одржливо производство од аспект на зачувување на животната средина. Идните развојни стратегии во живинарството треба да бидат ориентирани кон подобрување на благосостојбата на кокошките и одржливото производство преку комбинирање на предностите од двата системи на одгледување. Клучни зборови: живинарство, благосостојба, одржлив развој, животна средина
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Angelov Antonio
Dimitar Nakov
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Antonio et al. (Wed,) studied this question.