Листовите од Camellia sinensis L. (зелен и црн чај) се значаен извор на биоактивни соединенија, особено катехини. Од нив најмногу застапен е епигалокатехин галат (EGCG), како активна компонента со докажани антиоксидативни, антисенесцентни и антиинфламаторни својства. Традиционалните методи за екстракција кои вклучуваат употреба на органски растворувачи и високи температури често доведуваат до деградација на чувствителните компоненти и носат еколошки и безбедносни предизвици. Поради тоа, ова истражување имаше за цел да развие ензимски метод за екстракција на катехини од листови чај, при што се користеше пектиназа како ензим кој би овозможил повисок принос и одржување на структурната стабилност на EGCG во недеградирачки услови. Во споредба со традиционалните постапки, ензимската екстракција се покажа како поефикасна, особено при pH=6 и во водена средина со фосфатен пуфер. Дополнително, зголемувањето на концентрацијата на пектиназа резултираше со значително повисок принос. Литературниот преглед потврди дека EGCG како доминантен катехин во зелениот чај модулира клучни клеточни патеки, вклучувајќи ја NRF2 патеката, поврзана со редокс хомеостазата и инхибиција на сенесценција. Употребата на хидролитички ензими, како што е пектиназата, овозможува разградување на клеточниот ѕид и подобра достапност на целните фитохемикалии без употреба на токсични растворувачи. Овие резултати го потенцираат значењето на ензим-каталитизираните методи како иновативни алатки за одржлива екстракција на катехини од Camellia sinensis L. Примената на овој метод е во еколошки прифатливи услови, а овозможува варијација на параметрите кои обезбедуваат максимален принос и биолошка активност на изолираните соединенија.
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Krume Bogevski
Viktorija Maksimova
Building similarity graph...
Analyzing shared references across papers
Loading...
Bogevski et al. (Sat,) studied this question.